Русија побара седница на Советот за безбедност на ОН за испорака на западно оружје во Украина

Русија побара во петок на 12 април да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за испорака на западно оружје во Украина, објави денеска заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Во објавата на својот канал Телеграм, тој изјави дека Русија, имајќи предвид дека западните земји побарале седница за хуманитарната ситуација во Украина да се одржи во четврток, побарала посебна седница за да не им дозволи на западните земји „слободно да го користат својот наратив“, пренесе РИА Новости.

„Ќе се обидеме да најдеме интересен говорник за тоа“, рече тој.