Мобилизирани мажи ширум Русија ги напуштаат родните села и градови, испратени со плач на семејствата.
На социјалните мрежи има видеа од различни делови на Русија, на кои се гледа како мажи влегуваат во автобуси кои ќе ги однесат до командните центри на армијата.
#Mobilization in #Yakutia. pic.twitter.com/jNfOgjfuDv
— NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2022
Придружувани се од членовите на семејството, главно сопруги и деца, кои се очајни поради неодамнешната одлука на руските власти.
Очајот кој владее низ Русија беше очигледен и на протестите кои вчера беа организирани во различни делови на земјата откако Владимир Путин најави делумна мобилизација.
Sad mobilized men walk to the bus to a dull tune in #Blagoveshchensk. pic.twitter.com/sXnJomk9xe
— NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2022
Повеќе од 1.311 лица во 38 градови беа уапсени низ Русија на протестите против мобилизацијата, соопшти руското движење за човекови права ОВД-Инфо. Тие изјавија дека меѓу нив најмалку 502 лица се уапсени во Москва и 524 лица во Санкт Петербург.
Одлуката за делумна мобилизација предизвикаа „бегање“ од Русија до блиските земји, но и панично барање авионски билети кои достигнаа рекордни цени.
Дури и за летот од Москва до Белград цените на билетите вчера достигнаа меѓу 1.600 и 5.600 долари.