Румен Радев победи и во Македонија

„Прогресивна Бугарија“ доби најмногу гласови на парламентарните избори и во Македонија. Вкупно 160 гласачи гласаа за неа, според податоците од изводот од записниците во петте избирачки места, цитирани од БТА. Коалицијата „Континуирани промени – Демократска Бугарија“ беше втора, со 91 глас. Коалицијата „Вазраждане“ беше трета, со 63 гласови, додека ГЕРБ доби 61 глас.

„Прогресивна Бугарија“ доби најмногу гласови на парламентарните избори и во Македонија. Вкупно 160 гласачи гласаа за неа, според податоците од изводот од записниците во петте избирачки места, цитирани од БТА.

Коалицијата „Континуирани промени – Демократска Бугарија“ беше втора, со 91 глас. Коалицијата „Вазраждане“ беше трета, со 63 гласови, додека ГЕРБ доби 61 глас.

Според конечните протоколи во одделенијата во бугарската амбасада во Македонија, генералниот конзулат во Битола и оние во Струмица, Охрид и Прилеп, на парламентарните избори гласале вкупно 463 гласачи .

Премиерот Христијан Мицковски вчера изјави дека очекувал излезност со повеќе нули со оглед на бројките кои Софија ги прикажува за присутност на Бугари во Макеодија.

– Благо сум разочаран поради нискиот одѕив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема, рече Мицкоски

Со обработени 68,34% од гласачкиот материјал,945.368 луѓе гласаа за „Прогресивна Бугарија“