Рејтингот на Бајден постојано е во пад

Рејтингот на претседателот на САД – Џо Бајден дополнително се намали оваа недела и е блиску до најниското ниво во неговиот мандат, покажува истражувањето на „Ројтерс“ и на „Ипсос“.

Дводневната национална анкета покажала дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден, наспроти 41 отсто минатата недела.

Рејтингот на американскиот претседател падна на 36 отсто во мај и јуни годинава поттикнувајќи ги очекувањата дека неговата Демократска партија би можела да ја изгуби контролата врз Претставничкиот дом на САД во ноември, а можеби и врз Сенатот.

Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година, среде пандемијата Ковид-19, со неговиот мандат нарушен од економските последици од глобалната здравствена криза, вклучително и високата инфлација.

Последното истражување на Ројтерс и Ипсос, спроведено онлајн во САД, беше засновано на одговори од 1.003 возрасни, вклучувајќи 448 демократи и 383 републиканци.