„Она што е ветено, треба да биде реализирано. До сега она што притискавме, е само она што е ветено да се реализира“ вели Ева Цветковска, претседател на Студентско собрание на УКИМ.
А ветено беше уште во 2015 година три студентски домови, во 2016 се ветуваше и студентски град, во рамки на новиот Клинички центар. Ништо од тоа не е реализирано.
„Се уште на високо ниво не е разговарано за изградба на нов студентски дом“ – вели Виктор Велевски, директор на Државен студентски дом – Скопје.