Даскаловски: Главното прашање е до каде може Русија да дозволи САД да се шири на исток!

„Поголема војна на континентот нема да имаме. Ние не ни знаеме какви се воените дејствија. Првиот удар е насочен кон објектите на армијата. Очигледно е дека руската армија сака да ги уништи сите стратешки објекти. Дали ќе има и широкопојасна инвазија, не се знае“ – вели проф. д-р Жидас Даскаловски, професор на Факултетот за безбедност во најновото издание на Трилинг.

Тој смета дека „оваа војна е најавена, но Русија има цел да нема закана од страна за нив од земја потенцијална членка на НАТО. Тоа не го добија ниту од Вашингтон, ниту од Брисел. Не го добија ниту од Зеленски“.

Даскаловски е со став дека ќе има обиди за дипломатско решение. Смета дека повторно се актуелизира НАТО, откако Макрон рече дека „НАТО е клинички мртов“.

„Европа е целосна издоминирана од САД во безбедносна смисла“ вели тој.

Даскаловски вели дека главното прашање е „до каде може Русија да дозволи САД да се шири на исток“.