Пецаков: Не треба веќе да се грижиме за дивеењето на урбаната мафија во Охрид!

„Факт е дека Министерство за транспорт и врски е одговорно, тие ги потпишуваа анекс договорите за автопатот кон Охрид. Ние имаме вистински проблем, зошто и како не го гледаме напредувањето, треба времето да покаже“ – вели д-р Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид во најновото издание на Трилинг.

Тој вели дека Охрид го преземале со 14 милиони евра долг и 8 милиони евра долг на јавните претпријатија. Има повеќе параметри зошто е тоа така, вели Пецаков.

Охридскиот градоначалник смета дека кризата со електричната енергија е дополнителен проблем.

„Државата ненавремено реагираше и сето ова ќе има катастрофални последици. Реалноста е дека на состанок ги изнесовме побарувања, нас како општина ни следува поголем поврат на ДДВ, така ќе може да ја пребродиме кризата“ вели Пецаков.

Градоначалникот на Охрид за опасноста да се загуби приматот на град на УНЕСКО вели „ни треба уредување на плажите, да ги издадеме плажите под договор. Беззаконието во Охрид заврши“.

За случајот со охридскиот советник и неговото толерирање, на Нефи Усеини, Пецаков вели дека тој има пицерија во центарот на градот, таа беше регистрирана како дивоградба, но надлежно за тоа е Министерството за транспорт и врски.

„Правилата на градење сега се јасни. Во минатото вакви толеранции произлегувале од коалициски договори, пред да се одржат избори, ако порано секаде имало 70% искористеност на парцелата, сега спратноста е ограничена, а искористеноста на парцелата е намалена на 50%. Има јасни параметри како треба да се развива урбанизмот во градот. Хаосот кој со години се генерираше во Охрид, сега е ставен во рамка. Не треба веќе да се грижиме за дивеењето на урбаната мафија во Охрид“ – вели Пецаков.