Ракетата на Безос со 6 патници пак беше во вселената

Вселенската компанија „Blue Origin“ сопственот на милијардерот Џеф Безос денеска го изведе третиот комерцијален лет во вселената, и тоа првпат со 6 патници.

Ракетата која е наречена „Њу Шепард“ денеска полета од американската држава Тексас во вселената, а по летот, кој траеше десетина минути, се врати на Земјата.

Во леталото покрај ќерката на првиот американски астронаут, Лаура Шепард Черчил, патници биле и телевизискиот водител и поранешен професионален играч на американски фудбал – Мајкл Стрехан, филантропот – Дилан Тејлор, инвеститорот – Еван Дик, претприемачот – Лејн Бес и неговиот син Камерон Бес.