Бериша до Вучиќ: Не ни помислувај да дојдеш во Тирана!

Екс-албанскиот претседател и премиер – Сали Бериша го предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ да не помислува да дојде во Тирана, оти „сите улици и плоштади ќе бидат преполни од албански граѓани против него“.

„`Отворен Балкан` е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлиенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин. Го предупредуваме Милошевиќ или новиот Слободан, за `Отворен Балкан` да не помислиш да дојдеш во Тирана, бидејќи улиците и плоштадите ќе бидат преполни од народ против тебе“ порача Бериша.

Според Бериша „криминалната група, која денес раководи со Белград е главен инспиратор на геноцидот во Косово, кој го негира геноцидот врз Албанците“.