Путин: Подготвени сме да одиме по патеката на преговорите!

Претседателот на Русија – Владимир Путин по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е подготвен да продолжи да работи со Западот на безбедносните прашања за да се деескалираат тензиите околу Украина.

„Подготвени сме да работиме понатаму заедно. Подготвени сме да одиме по патеката на преговорите“ рече Путин во Москва.

Тој нагласи дека Русија не сака војна откако западните престолнини ја обвинија Москва дека распоредува војници во близина на Украина со планови за инвазија.

„Дали го сакаме ова или не? Се разбира – не. Токму затоа и дадовме предлози за процес на преговори“ – рече Путин на прес-конференцијата.