Омикрон варијантата се шири кон Источна Европа

СЗО денеска соопшто дека новиот бран на сојот Омикрон се шири кон источниот дел од Европа. Притоа ги повикаа Владите да ги зголемат програмите за вакцинација, како и за други мерки.

Последните две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија, Украина, предупреди регионалниот директор – Ханс Клуге.

СЗО тврди дека мерките како брзото тестирање и носење маски континуирано, се потребни, но и дека досега на европскиот простор се регистрирани над 165 милиони заразени со Ковид-19, со 25.000 смртни случаи изминатата недела.

„Соочени со бранот од омикрон, а делта сојот и натаму се шири на Истокот, оваа загрижувачка ситуација не е време за укинување на мерки, знаеме дека тие делуваат во намалување на ширењето на Ковид-19“ – предупреди Клуге.