Проценки – колку луѓе имаше на шестиот протест против насилството во Белград?

Новинарот Александар Губаш, кој повеќе од три децении го проценува бројот на учесници на различни собири, во изјава за порталот N1 проценува дека на шестиот протест „Србија против насилството“ вчера присуствувале меѓу 35.000 и 40.000 луѓе.

Според проценката на соговорникот, на мерното место во Белград поминале нешто повеќе од 25.000 граѓани.

„Сличен број луѓе присуствуваа на приемот на рускиот претседател Владимир Путин во 2019 година“, вели тој.

Да потсетиме, во Белград се одржа шестиот протест „Србија против насилството“, кој овојпат беше наменет за образованието и образовните институции, а го предводеа студенти.

На граѓаните пред Собранието, меѓу другите, им се обратија актерите Сека Саблиќ, Милан Мариќ, Хаџи Ненад Маричиќ, потоа професорот на Правниот факултет – Миодраг Јовановиќ, наставничката Марина Видојевиќ, инаку говорникот на првиот протест Србија против насилство, потоа – пилотот Саша Јовановиќ, колега и пријател на починатиот Омер Мехиќ, како и студентката Вања Ѓурѓиќ.