„Несреќата ги откри недостатоците. Несреќи се случуваат и кај автобуси кои се исправни, и во држави во кои лиценците се валидни. Но, без адекватни дозволи и со намигнување веројатно на вистинското место, се поминува граница што е апсолутно недозволиво, и второ, културата на неказнивост кај нас – случајот „Ласкарци“ се влече по судовите, без се уште да биде утврдена точна одговорност“ коментира универзитетскиот професор од Правниот факултет, Ненад Марковиќ во врска со страшната сообраќајна несреќа во која во Бугарија 44 македонски граѓани ги загубија животите.
Професорот Марковиќ за „Трилинг“ даде свое мислење и за состојбата во владејачката СДСМ.
„СДСМ нема избор освен да копа длабоко, и Заев кога ја врза, имаше во принцип два маневарски потега – првиот – тој да си замине и вториот потег, да направи длабока реконструкција. Прво ќе си замине Заев, најверојатно, и 5 или 6 министри ќе си заминат од новиот владин состав. Се поставува прашањето на новите имиња“ – смета Марковиќ.
На прашање кој би можел да наследник на Заев во партијата, па и во Владата:
„Се поставува прашање кои ќе се новите министри, Сања Лукаревска најверојатно ќе биде едно од персонализираните решенија, има чисто досие, другите имиња не ги знаеме. Прашање е дали ќе се реконструираат сите оние министри кои го разочараа Заев. Сега сме во политички лер. Ниту Владата успеа да ја одбрани својата коалиција, ниту пак опозицијата успеа да ја сруши. Не сум сигурен дека само изгубените избори се мотив Заев да се повлече од политиката. Мислам дека ќе се повлече перманентно“ смета Марковиќ.
Тој смета и дека „Заминувањето на Заев ќе биде залудно ако барем 3-4 имиња не заминат од ресорите во кои се сега, мислам на имиња од СДСМ. Ресори кои не одат најдобро и на кои допрва им претстои криза“.
„Можеби е помудро оваа зима некој да го помине во опозиција, отколку на власт. Многу од имињата кои се споменуваат како наследници на Заев никогаш не трчале избори“ коментира професор Марковиќ.