Протести во Виена против задолжителната вакцинација

Демонстрации во Австрија – илјадници луѓе денеска протестираа во Виена против планот на Владата од следниот месец да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19.

„Владата мора да падне“, скандираа демонстрантите.

Парламентот следната недела треба да гласа за прашањето што ги подели граѓаните, бидејќи расте бројот на заразени со коронавирусот.

Владата во ноември воведе четврто затворање на национално ниво, кога соопшти дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите Австријци.

Австрија е првата земја од ЕУ што донесе ваква одлука.

Анкетата што ја спроведе магазинот „Профил“ покажа дека 51 отсто од испитаниците се против задолжителната вакцинација од февруари.