Од 7.564 тестови, 1.635 позитивни на Ковид 19, а 9 лица ја загубија битката со короната

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78…

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од: Скопје – 794, Битола – 114, Прилеп – 85, Куманово – 38…

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576.