Приватните превозници утре ќе блокираат дел од „Илинденска“, в понеделник најавуваат целосна блокада

Координативното тело на приватните превозници утре со почеток од 6 часот ќе го блокираат булеварот „Илинден“ од семаформите после Влада до „МИ-ДА“. Ќе биде блокирана само десната летна од булеварот.

– Добивме известување од организаторите на Златно славејче дека утре по три години повторно ќе се одржи фестивалот и ќе има посетители и од другите градови. Не замолија, протестот да го одложиме или нешто друго да се направи со цел тие да стигнат и да бидат присутни. Тоа е емпатија на којашто не можеме да останеме рамнодушни. Пренесов и одредени сугестии од граѓани кои посочија протестите да се одржат пред Град Скопје, бидејќи не мора сите граѓани да го трпат ова, изјави денеска директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.