Премиерот на Австралија: Му благодарам на судот, сега е време да уживаме во тенисот!

Премиерот на Австралија – Скот Морисон задоволен по одлуката на судот за депортација на Новак Ѓоковиќ. Вели – сега е време фокусот да се стави на тенискиот турнир Австралија опен иако првиот годинешен грен слем ќе е посиромашен за првиот светски тениски рекет.

„Како што реков и претходно, Австралијците дадоа голема жртва за време на оваа пандемија и со право очекуваа исход со кој ќе бидат заштитени. За време на пандемијата успеавме да постигнеме една од најниските стапки на смртност, најсилни економии и најсилна вакцинација во светот се основи за австралискиот живот и за владеење на правото. Ние од владата секогаш бевме подготвени да ги преземеме одлуките и активностите кои се неопходни за заштита на интегритетот на нашите граници. Му благодарам на Судот за неговото брзо одлучување за ова прашање и трпението на сите вклучени додека работевме. Сега е време да почне Австралија опен и да се вратиме на уживањето во тенисот“ – изјави Морисон.