По 12 дена во Вселената јапонски милијардер се врати на Земјата

Јусаку Маезава (46) – милијардер од Јапонија по 12 дена во Меѓународната вселенска станица се врати на Земјата.

Тој, заедно со неговиот помошник Јозо Хиноро и со рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа.

Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето, а ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.

Засега, цената на патувањето не се објавува, а според планот – целата мисија треба да е снимена.