Папата Франциск: Насилството врз жените е „речиси сатанско“

Поглаварот на Римокатоличката црква – папата Франциск го осуди насилството врз жените истакнувајќи дека мажите кои вршат такво насилство се занимаваат со нешто што е „речиси сатанско“.

Тој за време на разговорите со три жени и еден маж за италијанската мрежа „ТГ5“ истакнал дека е „многу голем“ бројот на жени кои биле тепани и злоставувани во нивните домови.

„Тоа е речиси сатански бидејќи се искористува персона која не може да се брани, која може само да се обиде да го запре ударот. Тоа е понижувачко. Тоа е многу понижувачки“ рече папата Франциск.

Тој од почетокот на пандемијата пред речиси две година повеќепати зборуваше против семејното насилството, што е во пораст по воведувањето на рестриктивните мерки.