Јусаку Маезава (46) – милијардер од Јапонија по 12 дена во Меѓународната вселенска станица се врати на Земјата.
Тој, заедно со неговиот помошник Јозо Хиноро и со рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа.
Двајцата Јапонци се првите туристи кои сами си го платиле патувањето, а ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.
Засега, цената на патувањето не се објавува, а според планот – целата мисија треба да е снимена.