По Димитров, апанажа бараат и Царовска и Шеќеринска

Прв околу правото на апанажа се произнесе еск-министерот Никола Димитров, а по него, апанажа побарале и доскорешните министерки Мила Царовска и Радмила Шеќеринска.

Во следните 9 месеци, апанажа во висина на платата која ја добивале, ќе земаат поранешниот министер за земјоделство, Аријанит Хоџа и поранешниот заменик министер за култура, Седат Сулејмани, информираат од Собранието.

Времетраењето на апанажата е во зависност од должината на периодот кој функционерот ги извршувал работните обврски.

За мандат до 6 месеци, апанажа следува за 3 месеци. Ако на функцијата бил подолго од 2 години, апанажата ќе добива во следните 12 месеци, а тоа е најмногу што го дозволува законот за плати и надоместоци.

Дали и други министри ќе побараат апанажа ќе се знае до средината на идниот месец кога истекува законскиот рок од 30 дена во кој поранешните министри треба да одлучат дали ќе се вратат на своите стари работни места или ќе одлучат да земаат апанажа.