Почнаа офанзиви во Доњецк и Лугањск

Проруските сепаратисти објавија дека почнале офанзива против градот Шчастија во провинцијата Лугањск, што е под контрола на Украина.

Во провинцијата Доњецк почнале голема воена операција долж линијата на одвојување, јавија,пак, руските медиуми.

Претседател Путин одобри воена операција во Украина.

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и пограничните сили и дека експлозии се слушнале во многу градови. Тој додаде дека е прогласена вонредна состојба низ целата држава.

Во посебно соопштение, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на руската воена операција е уништување на украинската држава.

Украинските вооружени сили објавија соопштение во кое се вели дека руската војска започнала „интензивно гранатирање“ кон нивните единици на истокот на земјата.

Русија, исто така, изврши ракетни напади врз аеродромот Бориспил во близина на Киев и неколку други аеродроми.