Ердоган до Путин: Воен конфликт никому нема да му донесе ништо добро

Реџеп Таип Ердоган – претседателот на Турција денеска телефонски разговарал со својот руски колега Владимир Путин и го предупредил дека Турција „нема да признае каква било мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Ердоган на Путин му кажал дека „воениот конфликт нема мокому да му донесе ништо добро“.

Ова доаѓа откако завчера Путин ги призна двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, и вчера доби согласност од Парламентот да ја употреби армијата надвор од Русија.

Западот и Украина стравуваат дека Русија подготвува неизбежна инвазија на оваа соседна земја.