Последни податоци од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници, СДСМ со пратеник помалку од ДУИ

Државната изборна комисија информира дека од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандати.