Популарноста на Борис Џонсон во голем пад

Популарноста на британскиот премиер Борис Џонсон паднала на најниско ниво откако тој ја презеде функцијата лидер на земјата, покажува испишувањето на јавното мнение на Островот.

Агенцијата „ЈуГов“ покажува дека рејтингот на наклонетост кон Џонсон сега е 42, што претставува пад од 11 поени од средината на ноември.

Наклонетоста кон лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер е непроменета, изнесува 14 поени.