Повеќето заразени со омикрон во САД се со примени две вакцини

Официјално досега во САД има 43 случаи заразени со новиот сој омикрон, а повеќето од нив се целосно вакцинирани, а третина добиле и дополнителна бустер доза, соопштија од Центрите за контрола и превенција на болести.

Од оние 43 инфекции досега 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле и дополнителна засилувачка доза.

Овој извештај, иако се работи за мла број на испитаници, придонесува за загриженоста дека вакцините што во моментов се користат обезбедуваат помала заштита од високопреносливиот сој на коронавирусот.

Омикрон сојот досега е откриен во 22 земји, откако кон крајот на ноември за првпат беше идентификуван во Јужна Африка.

Повеќето од заразените имаат благи симптоми.