Димитров: Имавме неплодна средба на Комисијата за историски прашања

Ангел Димитров – претседателот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија денеска изјави дека дводневната средба на Комисијата завршила без резултати.

На денешната „неплодна средба“ историчарите зборувале за цар Самуил, посочувајќи дека се уште „се заглавени во 10. и 11. век“. Димитров додаде дека стравува оти работата на Комисијата ќе биде тешка и во текот на следната година.

„Кога не сакате да ја прифатите основна формулација на Договорот за пријателство и добрососедство, а тоа е заедничка историја, значи дека се сомневате во примената на тој договор“ – изјави Димитров.

Тој информираше дека следната 17. средба на Комисијата е закажана за февруари 2022 година.