Полскиот премиер Моравјецки: Русија да одлучи – дали е со или против Европа

Во интервју за италијанска „Ла република“полскиот премиер Матеуш Моравјецки вели дека Русија мора да одлучи дали ќе биде со Европа или против неа“.

„Русија мора да избере дали сака да биде со Европа или против неа. Владимир Путин денеска го избира конфликтот. И ова и штети не само на Европа, туку и на неговата земја“ рече полскиот премиер.

Тој вели дека „Европа не сака конфликт со Русија. Но, Европа не може да толерира притисок и уцени врз основа на енергија. Затоа мора да бидеме обединети пред провокациите на Путин. Времето за отстапки истече. Мора цврсто да реагираме со воведување санкции“.

Моравјецки вели дека „би му бил благодарен на претседателот Бајден доколку овој разговор (со Путин) ја намали активноста на Русија на границата со Украина и Европа. Но, искуството покажува дека на Путин не може да му се верува и дека политиката на отстапки не функционира“.