Вилијам и Кејт со децата – семејна божиќна честитка

Божиќна семејна фотографија осамна на Инстаграм профилот на војводата и војвотката од Кембриџ. Фотката е направена за време на патувањето во Јордан годинава.

На неа се принцот Вилијам и Кејт Мидлтон како седат заедно со нивните деца, 8-годишниот принц Џорџ, 6-годишната принцеза Шарлот и 3-годишниот принц Луис.

Оваа семејна фотографија ќе се најде на божиќната честитка на Кембриџ годинава.

Фотографијата е во спротивност со минатогодишната божиќна честитка на која тие беа прикажани собрани во нивната семејна куќа во Норфолк, Англија.