Првите луѓе на Полска, Литванија и Германија денеска ќе се сретнат во Берлин за да разговараат за санкциите кон Русија, објави на Твитер портпаролот на полската влада, Пјотр Мулер.
„На иницијатива на премиерот Моравјецки денеска ќе се одржи состанок во Берлин. Премиерот Моравјецки заедно со претседателот на Литванија – Гитанас Наузеда ќе разговараат со германскиот канцелар Олаф Шолц“ – објави тој.
„Европската унија мора веднаш да усвои пакет остри санкции против Русија“ е заедничката порака.