Зеленски одбива да го напушти Киев: Борбата е тука!

САД соопштија дека се подготвени да му помогнат на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го напушти Киев за да избегне да биде заробен или убиен по напредувањето на руските сили, објави Вашингтон пост. Сепак, информациите се дека Зеленски одбил да го напушти градот или државата, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината.

„Борбата е тука“, вели Зеленски.

Зеленски објави ново видео рано утринава, потврдувајќи дека е во Киев и им порача на сограѓаните дека борбата продолжува.

Судирите на периферијата на Киев сугерираат дека помали руски единици ја тестираат украинската одбрана пред да дојде главницата од руските сили. На уличните борби им претходеа борби и бомбардирања во кои беа уништени мостови, училишта и станбени згради, што резултираше со стотици загинати.