„Оваа војна ќе трае“, предупредува Макрон

„Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед“. Вакво предупредување денеска испрати францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ако можам да ви кажам една работа утрово, тоа е дека оваа војна ќе трае“, рече Макрон.

„Оваа криза ќе потрае, оваа војна ќе трае и сите кризи што доаѓаат со неа ќе имаат трајни последици“, додаде Макрон, предупредувајќи дека „Мораме да бидеме подготвени“.

„Војната се врати во Европа, ова беше избрано еднострано од претседателот (Владимир) Путин, со трагична хуманитарна ситуација, (украински) народ кој дава отпор и Европа која е таму и се спротивставува на страната на украинскиот народ“ – рече Макрон.