Ковачевски: Во овој момент не постои директна закана за безбедноста на С. Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски во своето официјално обраќање до јавноста во врска со ситуацијата во Украина, изјави дека воената агресија на Русија против земјата, која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудува.

„Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатлантската безбедност“ – вели Ковачевски.

Уште еднаш посочи дека заедно со сојузниците бара итен прекин на воените дејствија.

„ 21 век треба да е век на дијалог, не на војни, истакнува премиерот и додаде дека во овие турбулентни времиња, безбедносната состојба е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на С.Македонија“ рече премиерот.