Најмалку 10 луѓе се повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје, во близина на Старата скопска чаршија.
Информациите се дека со возила на Итната медицинска помош повредените се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија. Двајца од нив, наводно имаат потешки повреди.
Неофицијално, пожарот настанал поради проблем со плинска боца, биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје. Пожарот е локализиран.
Во моментот на пожарот во хотелот имало свадба.
ТВ21 објави снимка непосредно по пожарот во хотелот: