Се удави 6-годишно дете во реката Пена во Тетово

Трагедија во Тетово – 6 годишно дете се удави во реката Пена.

Информациите се дека детето кое живеело во населбата веднаш по последниот мост на реката Пена на т.н. Индустриска улица каде куќите се непосредно до речното корито некаде околу 13 часот паднало во реката, по што мештаните веднаш ги повикале пожарникарите чија станица е во близина на оваа маало.

Според информациите на тетовските пожарникари, дошле припадници на специјалните единици на полицијата, како и на Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи по што е започната четири часовна претрага. Безживотно тело било најдено во реката Пена во населбата Деребој на околу километар ипол од местото каде што детето паднало во водата.

Информациите се дека мајката на детето скокнала во надојдената вода во обид да го спаси детето, но не успеала, па доколку не притрчале соседите и таа можело да се удави во водата, информираат очевидци на настанот.

Фото: СДК.мк