
Пожар во магацин кај Бит Пазар во Скопје – гасат шест противпожарни возила
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои интервенираат со шест противпожарни возила.
Пожар избувнал во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит Пазар во Скопје.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои интервенираат со шест противпожарни возила.
„Во близина на Бит Пазар гори куќа, односно магацин, а во моментов Противпожарната бригада на Град Скопје интервенира со шест противпожарни возила“, соопштија од ЦУК.
Засега нема дополнителни информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуални повредени лица или причинета материјална штета.
Од ЦУК најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на интервенцијата на противпожарните екипи.