Подољак до Песков: Руската страна добро ги знае нашите услови!

Михаил Подољак – советникот на украинскиот претседател Зеленски го претстави списокот со барања за продолжување на преговорите со Русија, откако портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков изјави дека за да се постигне мир, Киев ќе мора да ги прифати руските барања, вклучително и признавањето на Крим како руска територија и отстапувањето на регионите Доњецк и Луганск.

Подољак на Твитер напиша дека украинските услови се итен прекин на огнот, повлекување на руските војници од Украина, враќање на киднапираните граѓани, екстрадиција на воени злосторници, механизам за репарации и признавање на суверените права на Украина.

„Руската страна добро ги знае нашите услови. Шефот на Песков не треба да се грижи: ќе дојде време кога ќе ги поправиме на хартија“ – нагласи тој.