Повредени деца во напад со нож во Франција

Француската полиција соопшти дека две деца и еден возрасен се во животна опасност, додека две деца се полесно повредени, по напад со нож во парк во градот Анеси на југот на Франција.

Животите на три жртви се во опасност, според агенциите. Според британската агенција Ројтерс, станува збор за три деца, а според француската новинска агенција АФП се работи за две деца и еден возрасен. Децата се на околу три години, соопшти полицијата.

Различни француски медиуми јавуваат дека осомничениот маж се идентификувал во полицијата како Сириец кој бара азил.

Полицијата соопшти дека осомничен е Абдалмасих Х. – (45 години, сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Барање за азил било поднесено на 28.11.2022 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече нападот „кукавички“.

Напаѓачот повреди шест деца и еден возрасен во напад со нож во паркот, што ја остави „нацијата во шок“, според претседателот Макрон.

Причините за нападот се нејасни.

Телевизиската компанија BFMTV објави дека неколку групи деца биле во парк во близина на познатото езеро Анеси во моментот на инцидентот.

Полицијата беше брзо распоредена на местото на настанот, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер.

Народното собрание утрото ја прекина пленарната расправа со едноминутно молчење.

Претседателот на парламентот Јаел Браун-Пиве рече: „Се надеваме дека последиците од овој многу сериозен напад нема да бидат последици што ќе ја доведат нацијата во жалост“.

Макрон продолжи да пишува: „Нашите мисли се со нив и нивните семејства“.

Француската премиерка Елизабет Борн планира да оди на местото на злосторството.