Повисоки сметки за парно од 1 август: Регулаторот ги утврди новите цени
Граѓаните на Скопје ќе плаќаат повисоки сметки за централно греење уште пред почетокот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги утврди новите цени за сите снабдувачи со топлинска енергија во главниот град, а тие ќе стапат на сила од 1 август.

Најголемото поскапување ги погодува домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија се зголемува за 5,96 проценти.
Повисоки сметки ќе добијат и корисниците на останатите системи за централно греење. За корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно т.н. железарско парно, цената се зголемува за 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) поскапувањето изнесува 3,65 проценти.
Според пресметките на Регулаторната комисија, за просечно домаќинство во стан од 60 квадратни метри, месечната сметка за парно ќе биде повисока за околу 140 денари.
И покрај корекцијата на цените, од РКЕ уверуваат дека цената на топлинската енергија во Северна Македонија и натаму останува пониска во споредба со повеќе земји од регионот.