Повеќе од 20 лица загинаа во пожар што избувна синоќа во нерегистриран илегален дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, пренесува Би-би-си.
Уништен е целиот втор кат од дрвената зграда во која живеат 20-тина станари. Првичните информации укажуваат дека причината може да е неисправен котел за греење. На терен се испратени десетици пожарникари. Пожарот е изгаснат рано наутро.
Гувернерот на регионот рече дека надлежните ќе ги прегледаат сите слични објекти. Покрената е истрага.