Петмина загинати и уште толку ранети е епилогот по денешниот напад на руските сили врз телевизиска кула во Киев, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина.
„Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува“ – се наведува во соопштението.
Претходно украинските медиуми објавија дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили.
Украинското МВР соопшти дека во нападот е оштетена опремата и дека „каналите нема да работат извесно време“.