Петков: Нема потпишано ништо конкретно, само го продолжуваме дијалогот!

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на С. Македонија и Бугарија продoлжуваат и ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на земјава на 22 мај, објави „БГНЕС“.

Петков уверил дека разговорите меѓу двете влади продолжуваат.

„Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно“ – рекол Петков.

Шпекулациите во јавноста дека е можно Бугарија да ја крене рампата за европскиот пат на Македонија, доведоа до протести во Софија, на кои се бара оставка од премиерот Кирил Петков и целата негова Влада.

Ова доаѓа откако Петков кажа дека местото на Македонија е во Европската Унија, а тие биле подготвени да ја кренат рампата за нашиот европски пат доколку ги исполниме сите услови дадени од Софија.

„Најдоброто за Бугарија е да обиколена од стабилни соседи кои се дел од европското семејство. Албанија и Македонија имаат место во Европската Унија. За да може Бугарија да го крене ветото за Македонија прво треба да бидат исполнети сите услови и да се создадат гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство. Секоја одлука во оваа насока ќе биде донесена пратена до Собранието“ рече претходно Петков.

Во бугарската јавност поради тоа се појави став дека е можно да се попушти во однос на спорот и да се направи предавство.