Ковачевски: Не се врзуваме со датуми зашто ни треба решение кое ќе е прифатено во двете држави!

„Министерствата за надворешните работи на Македонија и Бугарија комуницираат, но немаат усогласено документ кој може да биде основа за носење одлуки во двете држави“.

Ова денеска од Велес го порача премиерот Димитар Ковачевски.

Тој истакна дека на земјава и треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус.

„Што се однесува до јуни како некаков датум, точно е дека тогаш ќе има Самит на ЕУ, но ние воопшто не се врзуваме со датуми зашто ни треба решение кое ќе биде прифатено во двете држави и за кое ќе постои консензус, бидејќи тоа треба да биде основа за градење на односите меѓу Македонија и Бугарија во иднина, како меѓу себе, така и во рамки на ЕУ“ –  потенцираше Ковачевски.

Премиерот потврди дека со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика – Жозеп Борел разговарал за проширувањето на ЕУ и за статусот на преговорите со Бугарија.

Повтори дека преговорите се водат принципиелно, врз основа на европските вредности, врз основа на достоинство и почит меѓу политичарите