Рама: Резолуцијата за Сребреница е обид Бериша да воскресне политички!

Според албанскиот премиер – Еди Рама гласањето на Собранието на Албанија за резолуцијата за Сребреница било лоша игра на екс премиерот Сали Бериша.

Рама им порача на оние кои реагираа на неуспехот на оваа резолуција во албанскиот парламент дека немаат поим за играта на Бериша, личност која Америка ја прогласи за непожелна поради корупција и поткопување на демократијата.

„Оние кои скокаат поради наводниот неуспех на резолуцијата за Сребреница во албанскиот парламент, прво треба да се запрашаат зошто е поднесена. Потоа да се информираат што пишува во тој текст и да кажат дека тоа не е резолуција туку ниска игра. Ниска игра на личност која Америка ја смета за корумпиран уништувач на демократијата, во светот познат како уништувач на ембаргото на Слободан Милошевиќ“ – напишал Рама на Твитер.

Тој смета дека ова е „обид на Бериша да воскресне политички“.

Парламентот во Албанија го одби барањето на пратеникот Тритан Шеху да гласа за резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница, а Сали Бериша изјавил дека признавањето на геноцидот во Сребреница е неопходен чин за народите и цивилизираните општества и основен услов за да не се повтори.