Петков: До крајот на идната недела Бугарија ќе има редовна Влада

Копретседавачот на партијата „Продолжуваме со промената“ која триумфираше на изборите во соседна Бугарија – Кирил Петков вели дека до крајот на идната недела Бугарија многу веројатно ќе има редовна влада.

Според информациите од Софија, од понеделник се очекува потпишување коалицискиот договор меѓу „Продолжуваме со промената“, БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“.

И претседателката на Бугарската социјалистичка партија – Корнелија Нинова го дели ставот на Петков, иако, според неа, се уште не е разговарано за идните министри.

Петков, пак, најави дека за претседавач со 47. Народно собрание на Бугарија ќе го предложат адвокатот Никола Минчев.