Петков: Гоце Делчев е неразделен дел од нашата заедничка историја
Премиерот на Бугарија – Кирил Петков на Фејсбук страната на Владата на земјата сподели текст за 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Тој во него вели дека Гоце Делчев е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење.
„Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со народото на Северна Македонија. Тој е една од личностите кои ги прават горди двата народа“ – наведува Петков.