Сите пензионерите во Бугарија кои ќе бидат вакцинирани против Ковид 19 ќе добијат по 75 лева (38 евра), најавија бугарските власти. Програмата овозможува исплата на сумата за пензионерите кои ќе се вакцинираат со трета бустер дози.
„Почнуваме со програма за 75 лева сума што ќе биде исплатена кон пензијата за секој пензионер кој ќе реши да се вакцинира во следните месеци или е веќе вакциниран со три дози против Ковид-19. Нема да има пензионер кој се вакцинирал целосно и да не ја добие таа сума“ рече премиерот Кирил Петков.
Петков додаде дека мерката е доброволна.