Спасовски не коментира дали ќе е дел од новата Влада

Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски на денешната прес-конференција не сакаше да коментира дали тој ќе се најде во составот на новата Влада.

„Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука“ рече тој.

Собранието денеска ја констатираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција, што повлекува и оставка на целата Влада.

По констатирањето на оставката, се очекува парламентарното мнозинство за мандатар да го предложи новиот лидер на СДСМ и актуелен заменик министер за финансии – Димитар Ковачевски.