Тензиите кои се јавуваат во соседно Косово, предизвикуваат немири во регионот, но убеден сум дека до прелевање на кризата во Македонија нема да дојде, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Македонското радио. Пендаровски тврди дека за тоа е гаранција силното присуство на НАТО во Косово, а и фактот што Македонија, Албанија и Црна Гора се членки на Северноатлантската алијанса, а присуството на 5.000 војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот, вели претседателот Пендаровски во интервју за Македонското радио.
Во интервјто Претседателот на државата говореше и за сите актуелни предизвици со кои се соочува Северна Македонија. Пемнадорвски смета дека политичките партии во земјава немаа консензус за ниту едно крупно стратегиско прашање со кое се соочи земјава во овие 32 години независност, почнувајќи од времената спогодба со Грција, Преспанскиот договор, Договорот за Бугарија за добрососедски односи, така што не очекуваа дека ниту за уставните измени може да дојде до едногласност во ставовите.
Па според ова Пендаровски вели дека ниту за внесување на Бугарите во Уставот нема да дојде до консензус, но мора да се формира проевропска коалиција, со цел да продолжи патот за отворање на пристапните преговори. Претседателот посочи дека до компромис со соседите сме успеале да дојдеме само со силно посредништво на европските и американските партнери.
За предлогот за амнестија, во интервјуто Пендаровски вели дека сè уште го нема добиено законското решение. Ќе почека на дебата во Парламентот, па потоа ќе се произнесе дали ќе го потпише законот. Ако е мотивацијата да се амнестира за полесни кривични дела, посочи дека за него во принцип е прифатливо тоа решение.
Во однос на аспирациите за втор мандат на чело на државата, Пендаровски, рече дека тоа ќе зависи од оценката на граѓаните за неговата досегашна работа.