Претседателот Стево Пендаровски во емисијата Трилинг во односот на иницијативата за референдумот вели дека има правен, процедурален и политички аспект. Дали Џафери ги почитувал парламентарните процедури, тоа се други надлежни да ценат. Во правниот аспект има правни аргументи.
- Уставот е посилен од секој закон и посилен од законот за референдум и граѓански иницијативи. Во Уставот стои дека меѓународно ратификуван договор, не може да биде променет со закон. Македонско-бугарскиот договор е ратификуван во нашиот парламент и не може преку референдум да се поништи законот со кој тој договор важи. – рече Пендаровски.
Потенцираше дека неговиот политички став како претседател е дека референдум ни беше нужен, ама не со овие магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ. Во една реченица на таа еврoпска преговарачка рамка се споменати Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија како предуслови за напредување и бил спремен да излезе на референдум ако се гласало дали сме за ЕУ или не.
- Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само македонците кои имаат лабаво само чувство. Навредливо е за македонската нација да се каже дека преку протокол, договор, преку механизми на европска интеграција дека ќе станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ. Нема потреба да се плаши народот од тоа, нема никаква опасност дека низ веропските преговори ќе станеме Бугари. Точно е дека заради жестоката и националистичка реторика од не доаѓаше само од Радев, туку и од нивните две претходни влади, состојбите не можеа да бидат подобри. – рече Пендаровски.
Пендаровски ексклузивно откри дека на 1 октомври ќе оди во Софија, на покана од Радев каде се отвара интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и таму се повикани повеќе претседатели и тоа е симобилика дека не треба да се гледаат како непријатели. Потврди дека имал телефонски разговори со Радев во врска со узовот на електричната енергија, а Бугарија е една од ретките држави имаат вишок на струја и побаравме од нив да ни дадат стуја по пониски цени и до овој момент се кооперативни.
Претседателот Пендаровски вели дека ќе има геостратешко поместување со кризата во Украина и рускиот гас и смета дека војната ќе заврши со пораз на Русија.
- Не само воен пораз. Кога и да заврши, не можам да видам како руската федерација ќе држи под окупација толкава територија и со толкав отпор. Оваа стратешка грешка на Путин, веќе ја спушта втората железна завеса и мое предвидување е дека Руската федерација во иднина ќе биде изолирана на меѓународната сцена, нема да биде близу на онаа репутација и углед на реална сила на сите перт континенти како што беше до пред 24 февруари. – вели Пендаровски.
Претседателот не сака да ги коментира потезите на другите држави за набавката на оружје. Вели дека е убеден дека нова војна од типот на 90тите нема да има како што беше примерот со распадот на Југославија. Ресурсите се исцрпени, а идеите за големи држави се поразени.
- Нема волја кај ниту една од локалните нации да поддржува такви воени авантури како оваа на Путин. Мешународниот фактор е подговотвен овој мир да се разгори. Такви конфликти нема да гледаме и тоа е добро. – рече Пендаровски.
Во однос на ситуацијата на Косово, претседателот вели дека не се оечува некое придвижување или завршна солуција меѓу двете држави. Разврската на Косоцо може да има негативни последици по нас, само ако се менуваат границите. Во таква ситуација, прва колатерална штета со новата промена на границите ќе биде Босна и Херцеговина и Македонија.